Рагбистите имаат репутација на спортисти кои се „силни момци“ и ако на скептиците им беше потребен уште еден доказ го добија во однесувањето на Џо Вестерман од тимот на Хал ФЦ.
Вестерман го измести своето колено на меч од англиската Суперлига со градските ривали Хал КР, по што реши самиот да го намести и да продолжи со игра. Бидејќи неговиот тим губеше со 2 разлика, тој немаше време да го чека медицинскиот тим и реши да се врати во игра.
Многумина веднаш ја направија споредбата со модерните фудбалери, како Нејмар, кои паѓаат на најмал контакт.
Сепак, Хал КР стигна до 18:10 победа и Вестерман не жалеше за постапката.
„Ја погледнав ногата и коленото беше на страна, така што имав чувство дека морам да го наместам назад. Немаше многу болка, туку повеќе се исплашив бидејќи изгледаше чудно“, вели Вестерман.
Recap! In the 77th minute, Joe Westerman dislocated his kneecap in a tackle
What he does next, wow ?
He then played on #SLHKRHul pic.twitter.com/i8AH2ZI2W8
— Betfred Super League (@SuperLeague) June 27, 2019
⚠ Not for the faint-hearted!
? A dislocated knee didn’t stop Joe Westerman from playing on in last night’s Derby!
Update ? https://t.co/DWyUZD9kAE pic.twitter.com/FEgzNmZrLR
— Hull FC (@hullfcofficial) June 28, 2019