Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) му го врати статусот на Олимпискиот комитет на Русија и воедно му ја укинал суспензијата, објави првиот човек на ОК на Русија Александар Жуков.
Русија беше суспендирана од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг поради допинг кој бил спонзориран од државата. Руските спортиски во Пјонгчанг кои добија дозвола од ИОК се натпреваруваа под името „Олимписки спортиски од Русија“ и под неутрално знаме.
Во писмото што до Жоков го испратил претседателот на ИОК, Томас Бах, се наведува дека сите резултати на руските спортисти (со исклучок на два спорни случаи) биле негативни и дека со тоа Русија го исполнила условот суспензијата да и биде укината.
Одлуката на ИОК со која на 5.декември 2017 година го суспендира ОК на Русија содржела и член во кој се наведува дека истата ќе биде укината доколку биде констатирано дека нема понатамошно кршење на анти-допинг правилата.
„Потврдено е дека немало понатамошни кршења на анти-допинг правилата што значи дека суспензијата преставува да важи веднаш. Тоа значи дека ОК на Русија може, како и сите останати, да ги исполнува своите обврски како рамноправен член на ИОК“, стои во писмото.