Никола Портал, поранешниот велосипедист, а сега спортски директор на Тим Инеос, почина на 40-годишна возраст, потврдија од тимот.
Французинот беше поранешен велосипедист кој возеше за Тим Скај во финишот на кариерата, пред во 2011 да се повлече и да остане во тимот како помошник на Британецот Крис Фрум, со кого ги освои сите четири титули од Тур де Франс.
Според тимот, Портал починал ненадејно во неговиот дом во Андора, додека францускиот весник „Л’Екип“ вели дека причината е срцев напад, откако Портал имаше историја на срцеви болести и ја пропушти сезоната 2009 поради аритмија.
My thoughts are with Nico’s wife and children tonight. He was the kindest, happiest guy I knew and always lived life to the fullest. Rest In Peace Nico pic.twitter.com/vfYF9slMQ3
— Chris Froome (@chrisfroome) March 3, 2020