Руската тенисерка Елена Веснина (35) е жртвна на крадци. Од нејзината куќа украдени се двете олимписки медали што ги освои и одредена количина личен накит.
„Со сопругот бев на вечера, а кога се вративме дома видовме дека двете олимписки медали се украдени, како и дел од накитот. Крадците успеале да го најдат трезорот“ изјавила Веснина.
Таа освои златен медал во женски двојки на ОИ во 2016 година во Рио, а се закити и со сребро на ОИ во Токио годинава, во мешани двојки.
Нејзините најголеми тениски успеси се во двојки. Во женски двојки го освои Ролан Гарос (2013 година), Вимблдон (2017.) и САД опен (2014 година).
Во мешани двојки го освои Австралија опен во 2016 година.