Top Sport

Надал без проблеми со младиот Алијасим избори осминафинале во Мадрид

Вториот светски рекет во моментов, Шпанецот Рафаел Надал без поголеми проблеми се пласираше во осминафиналето на тенискиот турнир во Мадрид. Надал со 2-0 во сетови (6-3 6-3) го совлада 19-годишниот тенисер од Канада, Феликс Алијасим. Младиот тенисер кој е 30-ти на АТП листата не можеше да пружи поголем отпор против Шпанецот кој со победата се избори за дуел со Французинот Тиафое.

Во останатите денешни дуели кои до сега се завршени на турнирот во Мадрид Кеи Нишикори го совлада Делиен со 2-0 (7-5 7-5), Тиафое по многу борба го совлада Колшрајбер со 2-1 (6-4 3-6 6-3), Шарди беше убедлив против Шварцман 2-0 (6-1 6-2), Стас Вавринка лесно се справи со Пела 2-0 (6-3 6-4), а Гаел Монфилс во три сета, со пресврт беше подобар од Фучович, го совлада со 2-1(1-6 6-4 6-2). Иако има поголем рејтинг и реноме во светот на тенисот, Аргентинецот Дел Потро беше поразен од српскиот тенисер Ласло Ѓере со 2-1 во сетови (6-3, 2-6, 7-5). Фоњини немаше проблеми со Милман 2-0 (6-2 6-2).

На женскиот дел од турнирот Халеп ја совлада Кузмова со 2-0 (6-0 6-0), Бертенс ја совлада Севастова со 2-0 (6-1 6-2), Осака беше подобра од Шашович 2-0 (6-2 6-3), Бенчич беше убедлива против Козлова 2-0 (6-0 6-2), а Барти со пресврт славеше против Путинцева 2-1 (4-6 6-1 6-2).

Scroll to Top