Новак Ѓоковиќ избори пласман во финалето на Роланд Гарос со победата во пет сета над Стефанос Циципас. Првиот носител имаше преднсот од 2:0 во сетови, во третиот сервираше за победа, стигна и до меч топка, но не успеа да го завршши мечот. Циципас успеа да израмни на 2:2 и да го отвори решавачкиот сет ос 1:0, а потоа Ѓоковиќ ги освои наредните шест геме кои му го донесоа петтто финале на Ролан Гарос.
„Однадвор изгледав смирено, но не беше така. Го држева тоа длабоко во себе, вистината е дека бев разнишан и вознемирен. Сепак успеав да останам во мечот и да победам, среќен сум поради тоа“, рекол Ѓоковиќ.
Негов противник во финалето ќе биде 12-кратниот шампион на Ролан Гарос Рафаел Надал кој без проблеми во три сета го мина Диего Шварцман.
„Рафа е мојот најголем ривал, со ниту еден друг тенисер не сум одиграл толку мечеви. Овде е главен, ова е неговиот дом. Да се победи Рафа на Ролан Гарос е најголемиот предизвик во нашиот спорт. Временските услови ќе бидат на моја страна, топчето нема да отскокнува толку високо како во мај или во јуни. Еднаш успеав да го победам овде ќе се обидам да извлечам поуки од тој меч“, рекол првиот носител.
Надал в недела од 15 часот ќе игра за својата 13-та, а Ѓоковиќ за своната втора титула на Ролан Гарос.