Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го откажал настапот на АТП турнирот од серијата 500 во Акапулко. Надал на овој турнир е поставен за прв носител. Ова е шесттиот турнир во низа на кој шпанскиот тенисер го откажува учеството.
Серијата на откажувања светскиот рекет број 2 ја започна во Базел, а ја продолжи во Париз и Лондон, а оваа година не настапи во Бризбејн, Австралија опен и сега во Акапулко.
Top seed Rafael Nadal has pulled out of Acapulco.
Nadal has withdrawn or retired from five tournaments in a row now (Paris, London, Brisbane, Australian Open, Acapulco)https://t.co/h0rvTlrMYy
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) February 27, 2018
Во исто време новинарот Хозе Моргандо на Твитер објави дека голема е веројатноста Надал да не игра и на мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами.