Top Sport

Надал има мака со грбот, нема да игра ниту во Мајами

По турнирот во Акапулко, шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал го откажа учеството на уште еден тениски турнир, Мастерсот во Мајами. Причина е повредата на грбот која го мачи Шпанецот уште од Австралија опен.

Популарниот „Бик од Мајорка“ сака што подобро да се подготви за сезоната на неговата омилена подлога – земјената.

„Тажен сум што објавувам дека нема да играм во Мајами, град кој го сакам. Морам целосно да се опоравам и да се подготвам за сезоната на земјена подлога во Европа. Посебна порака за моите навивачи во САД, а посебно на големата заедница од шпанско говорно подрачје која секогаш ми пружа голема поддршка“ напиша Надал на Твитер.


Мастерсот во Мајами започнува на 24. март и ќе трае до 4. април. Минатата сезона не се одржа овој турнир поради пандемијата на коронавирусот.

Најголемиот успех на Надал во Мајами се финалињата во 2005, 2008, 2011, 2014. и 2017. година.

Scroll to Top