Top Sport

Надал ја откри тајната на успехот на Големата тројка

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја открил тајната на успехот на Големата тројка. Вториот светски рекет минатата недела започнал со тренинзите по паузата што ја предизвика коронавирусот.

„Можеме да зборуваме за технички работи, но најважна е љубовта кон тенисот која ние тројца ја чувствуваме. Без тоа ништо не би било можно. Поради неа константно напредуваме, се прилагодуваме, се усовршуваме. Имаме желба и страст кон она што го работиме. Секој има свој стил, свој мотив, но сите можевме да напредуваме низ годиние и поради тоа сме тука каде што сме“, рекол Надал.

Инаку доколку не беше суспензијата оваа недела во Париз ќе започнеше Ролан Гарос, каде што Надал е апсолутен владател. Шпанецот 12 пати го освоил турнирот во Париз.

Scroll to Top