Top Sport

Надал како брз воз против Аргентинецот Лондеро во Париз

Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал „гази“ на гренд-слем турнирот во Париз, Ролан Гарос.

Тој се избори за четврфинале откако попладнево лесно и брзо се справи со Хуан Лондеро, го совлада со 3-0 (6-2, 6-3, 6-3).

Надал со фуриозна игра за малку повеќе од 2 часа го збриша Аргентинецот и обезбеди четвртфиналето против Нишикори или Пер. Нивниот дуел започнува подоцна.

Scroll to Top