Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ има голема шанса да биде најдобар во историјата на „белиот спорт“, но мора овие години да освои барем два грен-слема. Ова е мислењето на поранешниот тенисер кој беше во Топ5 во светски рамки, Грег Руседски.
Во 2020 година Ѓоковиќ заврши на првата позиција на АТП, што е за него шестипат во кариерата, со што се изедначи со Пит Сампрас.
„Мислам дека секако ќе го помине рекордот на Сампрас по бројот на сезони завршени како број 1, а ќе го сруши и рекордот на Федерер по бројот на недели на самиот врв (310). Единствен што на крајот може да има повеќе грен-слемови од Новак е Рафаел Надал“ смета Руседски.
Во моментов српскиот ас има 17 грен слем титули, а Надал и Федерер по 20.