Top Sport

Надал не успеа да го доврши мечот, Трунгелити ги воодушеви фановите

Рафаел Надал поведе со два сета против Симоне Болели во првото коло на Ролан Гарос, пред поради дожд мечот да биде прекинат и сите преостанати мечеви да се презакажат за во вторник.

Двојката ќе се врати на главниот терен во Париз утре со 6:4/6:3/0:3 предност на Надал. 31-годишниот Шпанец, кој оди на рекордна 11-та титула од Франција опен, беше внимателен во првиот сет, правејќи еден брејк за да го освои, пред во вториот Италијанецот да почне со брејк, па да налета на низата на Надал и да биде 2:0 во сетови.

Сепак, мечот на Надал беше во „сенка“ на неверојатниот успех на Аргентинецот Марко Трунгелити, кој по возење од 1.000 километри заедно со својата 88-годишна баба, кој го помина првото коло првпат во кариерата и доби гарантирани 79.000 евра.

Трунгелити бил во Барселона, откако го загуби последното коло во квалификациите во Париз, кога му се јавиле дека треба да игра како „лаки лузер“. Заедно со својата баба, тој стигна на Ролан Гарос и на теренот број 9 го победи Бернард Томич со 6:4/5:7/6:4/7:4.

„Мојот брат Андре, мајката Сузана и бабата Дафне уживаа во одморот, кога ми се јавија да дојдеме. Заминавме од Барселона во 13 часот, стигнавме во Париз во 23 часот. Потоа спиев 5 часа и во 7.30 наутро бев на терените. Но, во Аргентина, ако не живееш во Буенос Аирес до секаде ти е 1.000 километри, така што не ни пречеше“, вели 28-годишниот Трунгелити.

Scroll to Top