Top Sport

Надал немаше никакви проблеми со Ферер на Барселона Опен

Тенискиот ас, Рафаел Надал со 2-0 во сетови славеше победа против сонародникот Давид Ферер на Мастерс турнирот Барселона Опен.

Надал кој е прв носител на турнирот немаше никакви проблеми и двата сета против Ферер, кој моментно е 155 тенисер во светот, ги доби со идентични 6-3.

Во четвртфиналето на турнирот Рафа ќе се судри со подобриот од германско – грчката двојка, Штруф – Циципас.

Во останатите мечеви од денешната програма на Барселона Опен изненадувачки пораз претрпе Бугаринот Григор Димитров од малку познатиот чилеански тенисер Николас Жари, а проблеми за поминување понатаму немаа Русинот Медведев против Мекдоналд, Нишикори против Угер-Алисим, односно Тим против Мунар.

Scroll to Top