Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал призна дека со текот на годините морал да го промени својот стил на игра и да се прилагоди на можностите на своето тело, а делумно и на противниците.
„Почнав да играм поагресивно, но таквата промена не доаѓа преку ноќ. Тоа е логично. Моите нозе не се исти како во 2005 година, кога го освоив својот прв Ролан Гарос. Истото важи и за движењата на теренот. За да останете конкурентни, мора да се промените. Федерер, Ѓоковиќ и јас – сите имавме желба да останеме на врвот“ – вели Шпанецот.
Тој смета дека “кога телото ќе ми даде знак дека дека не може да ги издржи големите натпревари, тоа ќе е знак дека треба да забавам. Огнот и желбата за спорт се уште се живи во мене, тоа ме тера да продолжам во борбата“.
Надал паузата меѓу Ролан Гарос и Вимблдон ја искористи за одмор на Мајорка.
„На Мајорка повторно ќе се играат мечеви од Ла Лига, јас сум голем навивач и многу сум среќен што Мајорка се врати во елитата. Сепак, останувам и голем навивач на Реал Мадрид. Сега морам да ги поддржувам двете екипи“ – вели Шпанецот.