Рафаел Надал на тенисот ќе му се врати пред почетокот на последниот Гренд слем во сезоната, Ју-ес опен.
Шпанецот, по поразот од Новак Ѓоковиќ, во полу-финалето на Ролан Гарос, објави дека ќе го пропушти Вимблдон и Олимписките игри во Токио.
Надал на терените ќе се врати во Вашингтон, на турнирот од серијата 500. Интересно, тој ќе биде прв од членовите на „големата тројка“, во која покрај него се Ѓоковиќ и Федерер, кој ќе учествува на овој турнир.
Турнирот во Вашингтон на програмата е од 31.јули до 8.август.