Шпанскиот тенисер Рафаел Надал објави дека одлучил да ја прекине сезонава поради проблемите со стапалото што го мачат веќе цела година.
„За жал морам да ја завршам сезоната 2021“ напиша Надал на социјалните мрежи.
„Искрено, веќе една година се борам со ногата повеќе од што треба и ми е потребно време да пронајдам решение за овој проблем или барем да поправам нешто за да можам да играм и во следните неколку години“ вели шпанскиот ас.
Надал изјави дека по разговорот со својот тим и со семејството ја донел одлуката да се посвети на опоравувањето.
„Во текот на оваа година пропуштив работи кои ми се важни, како Вимблдон, ОИ и сега САД опен“ вели Рафа Надал.
Шпанскиот ас потсети дека се работи за повреда која ја влече уште од 2015 година, но истакна дека е мотивиран и подготвен да направи се за да се врати во најдобра форма што побрзо.