Рафаел Надал ја одби вајлд-картата за настап на челенџ-турнирот во Бордо следната недела, потврди директорот на турнирот, зголемувајќи ги шпекулациите дека 22-кратниот гренд слем шампион нема да настапи на Ролан Гарос. Надал се мачи со повреда на колкот која ја доби на Австралија опен во јануари и нема настап на ниту еден турнир на земја оваа сезона.
„Му понудив на агентот на Надал една од вајлд-картите, но добив љубезен одговор дека ќе продолжи да се подготвува ддома во Манакор и дека не е подготвен за игра“, изјави претседателот на турнирот, Жан-Баптист Перлан.
36-годишниот Шпанц има рекордни 14 победи на Ролан Гарос, вклучувајќи ја и титулата од минатата сезона. Ролан Гарос стартува на 28 мај.