Без никакви проблеми шпанските тенисер Рафаел Надал обезбеди финале на АТП турнирот од серија 500 во Барселона.
Предмалку тој со 2-0 во сетови (6-3 и 6-2) го совлада сонародникот Пабло Карено-Буста и на тој начин закажа финале со Гркот, Стефанос Циципас.
На Надал му беа потребни 90 минути за да го елиминира противникот.
Во првиот сет имаше дури три брејка, два за Надал, еден за Карено-Буста.
Во вториот сет Рафа комплетно доминираше, уште на стартот по првите 3 гема направи два брејка и натаму се останато беше рутина.
Надал утре ќе игра за својата 12-та титула во Барселона.
Финалето Надал – Циципас се игра утре, од 16 часот.