Top Sport

Надал: Сакам да имам деца, ама дури кога ќе се „пензионирам“

Шпанскиот тениски ас, Рафаел Надал многу ретко зборува во јавност за својот приватен живот, но во интервјуто со Бертин Осборн, во емисијата „Mi casa es la tuya”, тој зборуваше за работи за кои обично премолчува.

Моментно вториот светски тенисер признава дека очекувал порано да стане татко, но ја продолжил кариерата, па плановите се пролонгирале.

„Сакам деца, се надевам дека ќе имам, но моментно постои мал проблем, сакам да имам деца дури кога ќе се `пензионирам` од тенисот. Мислев дека ќе играм до 30 години, но ја продолжив кариерата“ рече 34-годишниот тенисер.

Рафа пред една година се ожени со долгогодишната девојка Чиска со која беше во врска уште од тинејџерските денови.

Надал со неодамнешниот триумф на Ролан Гарос се израмни по бројот на грен слем титули со Швајцарецот Роџер Федерер, зад нив е Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top