Top Sport

Надал: Се надевам дека Зверев не е сериозно повреден, имаше фантастичен турнир

Рафаел Надал се пласираше во ново финале на својот омилен гренд слем, Ролан Гарос, но признава дека не му се допаѓал начинот до кој стигна до победата, откако неговиот германски ривал мораше да се повлече во солзи повредувајќи го скочниот зглоб.

„Ако си човек, тогаш ти е жал за колегата. Не е лесно да се зборува за такви моменти. Се надевам дека не е посериозно повреден, дека нема скршеница. Навистина немаше среќа. Мечот беше тежок, тој играше фантастично и знам колку му значи да стигне до грендслем титула. Условите на игра под покрив и со голема влажност на воздухот не беа идеални. И јас морав да преживувам, посебно во првиот сет“, изјави Надал.

Scroll to Top