Top Sport

Надал се огласи: Болка на истото место

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги коментираше здравствените проблеми на турнирот во Бризбејн.

Надал пропушти три меч топки во четвртфиналето против Џордан Томпсон, од кого загуби по пресврт.

Она што повеќе загрижува е фактот што тој побара медицински тајм-аут во текот на третиот сет поради болки во пределот на колкот, на кој му беше извршена операција минатото лето.

„Болката е на истото место, но чувствувам дека е мускул од замор. Минатата сезона беше тетива и чувството беше сосема поинакво. Јас повеќе го чувствував. Единствениот проблем е што е истото место, па повеќе сум загрижен од вообичаено“, рече Надал и додаде:

„Се надевам дека мускулите се „полнат“ по неколку дена напор и многу тежок натпревар. Веќе кажав дека целта ми е да бидам конкурентен за неколку месеци. Точно е дека одиграв два натпревари. Многу работи можат да се случат на моето тело по една година дена без конкуренција. Се надевам дека само мускулот во таа област е напнат“.

Надал ги победи Доминик Тием и Џејсон Кублер во Бризбејн.

„Веќе реков дека не дојдов овде за да освојувам турнири. Дојдов повторно да играм тенис и да дадам се од себе. Се надевам дека ќе се чувствувам подобро за неколку дена. Ако не, ќе направам тестови. Ќе видиме што ќе се случи“.

Надал следната недела ќе тренира во Мелбурн каде на 14 јануари започнува „Австралија опен“.

„Она што сега е важно е дека успеав да одиграм три натпревари во Бризбејн. Мојот ривал одигра добро и мораме да му оддадеме признание“, изјави Рафа.

Scroll to Top