Top Sport

Надал се повлече од Мастерсот во Париз

Рафаел Надал без борба му го предаде четврт-финалниот меч на Мастерсот во Париз на Србинот Филип Крајиновиќ.

Шпанецот, кој пред неколку дена ја обезбеди првата позиција на АТП-листата за 2017 година, реши да се повлече поради повредата на десното колено.

Поради неговото повлекување Крајиновиќ ќе напредува 34 позиции на АТП-листата и од понеделник ќе биде 43. светски играч.

„Тажен ден за мене и за турнирот. Дојдов да одиграм најдобро што можам, но коленото премногу ме боли. Не сакав да се откажам, се надевав дека ќе имам доволно време да закрепнам помеѓу мечевите од осмина-финалето и четврт-финалето, но едноставно не можам да играм“, соопшти Надал.

Шпанецот никогаш во кариерата не го освоил Мастерсот во Париз, град во кој десет пати победил на вториот гренд слем во сезоната, Ролан Гарос.

Поради повредата на десното колено под знак прашалник е неговиот настап на завршниот мастерс во Лондон.

Крајиновиќ во полуфиналето за противник ќе го има подобриот од дуелот помеѓу Џон Изнер и Хуан Мартин дел Потро.

За српскиот тенисер ова е најуспешната сезона во кариерата бидејќи годината ја почна на 254. место, а ќе ја зарши во Топ 50.

Scroll to Top