Рафаел Надал поради повреда му го предаде полу-финалето на Мастерсот во Париз, на Канаѓанецот Денис Шаповалов.
АТП го потврдија откажувањето, а од таборот на Шпанецот нема информации за каква повреда станува збор.
Надал синоќа преку Жо-Вилфред Цонга се пласира во полу-финалето.
Шаповалов утре ќе го игра своето прв, а Ѓоковиќ 50 Мастерс финале.
Србинот и Канаѓанецот досега одиграче три меча. Пред еден месец Ѓоковиќ го победи Шаповалов на Мастерсот во Шангај (6/3, 6/3), а претходно српскиот тенисер ги добил мечевите на Мастерсот во Рим (6/1. 6/3) и на Австралија опен (6/3, 6/4, 4/6, 6/0).