Top Sport

Надал: Се согласувам со Ноле, работите во нашиот спорт се тешки!

По поразот од Циципас на АО, Рафаел Надал зборуваше за понатамошниот тек на сезоната и за евентуален иден карантин како во Мелбурн. Тој се сложи со Новак Ѓоковиќ дека не е добро да се повторуваат слични карантини кои дополнително ќе ги оптоваруваат играчите.

„Не знам што да кажам, но ако не грешам, не гледам турнири наредните неколку месеци на кои ќе мора да бидеме во карантин, има ли таков турнир?“ – праша Надал на прес-конференцијата по мечот со Гркот.

Од новинарите доби одговор дека може да се случи некоја од државите каде ќе се игра турнирот да побара карантин, како вонредна мерка.

„Искрено, ова е првиот турнир на кој моравме да бидеме во карантин. Не сме имале ништо слично пред тоа. Можеби до некаде во Њујорк, но не беше исто. Ситуацијата е сложена, светот е во тешка позиција. И Новак е потполно во право кога вели дека работите во нашиот спорт се тешки затоа што владите постојано ги менуваат правилата. Затоа е тешко да се предвиди што ќе се случува. Сепак има две опции, да ја прекинеме или да продолжиме со сезоната. Мое лично мислење е дека играчите не можат на секое случување да бидат во `балон`, многумина имаат семејства со кои не можат да бидат, така што сето тоа ја прави ситуацијата уште посложена“ – рече Надал.

Scroll to Top