Коленото на Рафаел Надал не во доволно добра форма за светскиот број 1 да настапи на егзибицискиот турнир во Абу Даби, и тој ќе ја почне својата сезона на Бризбејн интернешнл во Австралија од 1 јануари.
На турнирот во Абу Даби негова замена ќе биде сонародникот Роберто Баутиста Агут, кој се приклучува на Пабло Карењо Буста. Во последен момент од Абу Даби се повлекоа и Милош Раонич и Стен Вавринка, и на нивното место дојдоа Андреј Рубљев и Кевин Андерсон. Новак Ѓоковиќ повторно е главен фаворит за титулата.
Надал мораше да ги откаже тренинзите оваа недела со португалскиот тенисер Жоао Соуса, кој од 18 до 22 декември беше во Академијата на Шпанецот. Надал се повлече од Базел и Париз поради проблемите со коленото, по што одигра само еден меч на АТП финалето во Лондон.