Top Sport

Надал: Тенисот станува заложник на сервисот

Еден од најдобрите тенисери во историјата, Рафаел Надал е загрижен за правецот во кој се движи неговиот спорт. Тврди дека тенисот полека станува заложник на само еден удар.

„Во минатото, за разлика од денес, талентот и тактиката беа најважни. На спортист му требаше многу повеќе квалитет за да се истакне и да успее. Денешниот тенис се темели на различни концепти“, рекол Надал и продолжил.

„Кога играте на земјата подлога имате можности за маневар, на тревата или на тврдите подлоги, тое е речиси невозможно. Тенисот станува се побрз и побрз. Јас не сум сигурен дека тоа е вистинскиот пат“.

Шпанецот, освојувач на 20 гренд слем трофеи, смета дека нешто мора да се менува.

„Сервисот е ударот кој најмногу ги искористи технолошките иновации. Доколку наскоро не се најде решение постои опасност тенисот да стане заложник на само еден удар. Мислам ситуацијата ќе се влоши во наредните десет години“, заклучил Надал.

Scroll to Top