Шпанскиот тенисер Рафаел надал експресно се пласираше во третото коло на грен слем тенискиот турнир Ролан Гарос откако попладнево во три сета, со 6-1 6-0 и 6-3 го победи Американецот Мекензи Мекдоналд.
Актуелсниот шампион на Отвореното првентво на Франција демонстрираше моќ против моментно 236. тенисер на АТП листата.
Надал седумпати му го одзема сервисот на противникот, па дојде до 25-тата победа во низа во Париз. Денешниот беше 95-ти триумф за Надал на РГ.
Во третото коло противник на „бикот од Мајорка“ ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Јапонецот Кеи Нишикори и Италијанецот Стефано Траваља.
Шпанецот е во офанзива на неговиот 13-ти трофеј на Ролан Гарос, вкупно 20-ти во кариерата со што би се изедначил на врвот на листата со Роџер Федерер.
Ѓоковиќ е трет во моментов со 17 грен слем титули.
95th RG victory
44-0 as No. 2 seed
25th consecutive win in ParisThat’s @RafaelNadal ?#RolandGarros pic.twitter.com/ZUwm9MdAy5
— Roland-Garros (@rolandgarros) September 30, 2020