Ешли Барти, најдобрата тенисерка во светот, се повлече од Ролан Гарос.
Барти, во второто коло, при резултат 1:6, 2:2, поради повреда на колкот реши да го предаде мечот против Магда Линет.
Австралијката која ја пропушти 2020 година, поради пандемијата на коронавирусот, оваа година го освои Мастерсот во Мајами, а играше финалиња во Мадрид и Штутгарт.