Top Sport

Најбизарниот ММА меч – прво авто-нокаут, потоа салто од грбот на противникот (видео)

ММА борбите честопати со себе носат многу бизарни случки, брутални нокаути и секакви други „глупости“, но ова досега не сме го виделе – фајтер кој прави салто од грбот на противникот.

На дуелот од Легаси фајтинг алајанс (ЛФА) број 36 во Кабазон, Калифорнија, се сретнаа двајца дебитанти – Ирвинс Ајала и Дру Четмен во една од најбизарните завршници во кафезот.

Ајала, откако успеа да го собори Четмен во средината на првата рунда се обиде да го „заврши“ противникот, но наместо тоа самиот се нокаутираше откако удри со брадата во коленото на противникот.

Но, тоа не беше најчудното. Четмен реши да ја прослави неочекуваната победа, со скок на грбот на Ајала и со салто. ЛФА го дисквалификуваше, така што победата нема да се важи.

Scroll to Top