Роџер Федерер има импресивна кариера, 20 освоени Гренд слем титули, а на 36-годишна возраст ја игра најдобрата сезона во кариерата.
Швајцарецот синоќа го победи Борна Чориќ во полу-финалето на мастерсот во Индијан Велс и ја забележа 17.победа од почетокот на сезонат, што за него е најдобар старт на годината во кариерата.
Претходно најдобриот старт во сезоната го имаше во 2006 година. Тогаш стартуваше со 16 поебди, а годината ја заврши со 92 победи и само пет порази.
Федерер успеа да се извлече од поразот против Чориќ. Малдиот Хрват имаше предност 1:0 во сетови и 4:2 во вторито сет, а потоа и два пати брејк предност во решавачкиот сет, но не го издржа притисокот.
Федерер титулата во Индијан Велс ќе ја брани против Хуан Мартин дел Потро.