Одбојкарскиот тим на универзитетот Небраска постави рекорд во светот на женскиот спорт. Натпревар на ова екипа го следеле точно 92.003. Небраска Корнхаскерс ја победи Омаха со 3.0 на „Меморијал стадионот“.
На крајот од вториот сет беше објавено дека е соборен рекордот, што предизвика воодушевување кај многубројната публика. Тоа беше кулминација на повеќемесечниот проект за промовирање на одбојката во Небраска, кој имаше за цел да ги собори рекордите на посетеност.
На овој начин беше соборен рекордот на посетеност од натпреварот помеѓу женските фудбалски екипи на Барселона и Волфсбург во 2022 година. Тогаш на стадионот „Камп Ноу“ дојдоа 91.648 гледачи да им дадат поддршка на фудбалерките на Барселона.
Одбојката ужива голема популарност во Небраска, држава на средниот запад на САД, која има околу два милиони жители.
Билетите чинат 25 долари за возрасни и пет долари за средношколци и помали деца. Меѓутоа, американските медиуми пренесуваат дека цената на билетот за овој натпревар кај препродавачите била околу 400 долари.