Top Sport

„Најк“ го промовираше првиот спортски хиџаб (видео)

Американскиот гигант за производство на спортска опрема „Најк“ го пушти во продажба првиот спортски хиџаб наменет за муслиманските спортистки на натпреварувањата со мото „спортот е за сите“.

„Најк“ објави дека инспирацијата на спортскиот хиџаб биле проблемите на Амна ал Хадад од Обединетите Арапски Емирати во 2015 година. Натпреварувачката во кревање товар со амбиции да оди на Олимпијадата, се жалеше дека има само еден хиџаб за натпреварување кој морала да го мие рачно секој ден.

Слични проблеми имаше американската олимпијка во мечување, Ибтихаџ Мухамад, која се жалеше дека со обичниот хиџаб има проблеми да ги слушне судиите, кои што може да ја дисквалификуваат поради тоа.

Хиџабот е на продажба по цена од 25 фунти.

Scroll to Top