Top Sport

„Најк“ ќе ѝ изгради зграда на Серена Вилијамс

По комплетирањето на проширувањето на „кампусот“ на американскиот гигант „Најк“ во Бивертон, Орегон, една зграда ќе го носи името на тенисерката Серена Вилијамс, објави ВТА турнејата.

„Рекордите на Серена на гренд слем турнирите ја поставуваат како една од најголемите спортистки во историјата и една од жените кои инспирираат со својот став кон животот“, велат во соопштението на „Најк“.

Зградата ќе биде комплетирана во 2019 година и ќе биде најголемата структура во седиштето на „Најк“.

Серена се пријави за настап на Австралија опен во јануари, иако се породи со својата прва ќерка Алексис Олимпија на 1 септември. Таму ќе може да се израмни со Австралијката Маргарет Корт со 24 гренд слем титули.

Серена се враќа во Мелбурн, вели шефот на Австралија опен

Scroll to Top