Top Sport

Најлудиот тениски тандем во Мелбурн се избори за втора рунда

Австралиските тенисери Ник Кирјос и Танасис Кокинакис во првото коло на Австралија опен за двојки победија во дуелот со двојката Лојд Џорџ Херис и Џулијан Ноул со резултат 2-0 (6-2 и 6-4).

Тандемот од Австралија за само еден час ја прескокна првата пречка на грен слем турнирот.

Двајцата тенисери кои се познати по својот темперамент и контроверзно однесување на и надвор од теренот претходно беа елиминирани во сингл. Кирјос доживеа елиминација од Доминик Тим, додека Циципас беше подобар од Кокинакис.

Инаку, двајцата тенисери за натпреварувањето во „дубл“ добија вајлд карта од организаторот.

Scroll to Top