Најмал број на гледачи во живо, ќе го проследат наголемиот спортски настан во САД, натпреварот за титулата во НФЛ-лигата, наречен „Супербоул“.
Мечот за титулата, ќе се одигра во недела, на стадионот „Рејмонд Џејмс“ чии капацитет е 75.000 седишта. Пандемијата на коронавирусот за три пати го „намали“ капацитетот на стадионот во Тампа.
Властите дозволија на трибините да има 25.000 гледачи. Меѓу нив ќе има 7.500 здравствени работници кои работеле на вакцинацијата против вирусот Ковид-19.
Во финалето на 55. издание на „Супербоул“, ќе играат Канзас сити и Тампа беј.