Top Sport

Најмускулестата жена на светот – никој не смее да ја пипне Русинката

Руската бодибилдерка Наталија Кузњецова го привлекува вниманието каде и да се појави.

Мажите не се имуни на нејзиниот изглед, а многумина и се плашат од неа. Се чини дека претерала со вежбање и со земање стероиди.

Со спорт почнала да се занимава на 14 години. Тогаш имала само 40 килограми, а сега е целата со огромни мускули.

На социјалните мрежи е популарна под прекарот „Амазонка“, висока е 170 сантиметри, а има 102 килограми.

Обемот на нејзиниот бицепс е 47 сантиметри, додека струкот и широк 70 сантиметри.

Наталија не крие дека користи стероиди и блокери на естрогенот за да постигне резултати.

Погледнете ја:

Scroll to Top