Top Sport

Најново во Анхоч: „100 дена ценовна заштита“

Да купам сега или да почекам уште малку?

Веројатно секој што купувал лаптоп, монитор или друга технологија барем еднаш си го поставил ова прашање. Цените се менуваат, понудите се менуваат, а со нив доаѓа и она добро познато чувство дека можеби требало да се почека уште некој ден.

Но, вистината е дека најдобриот момент за купување не е секогаш кога цената е „на попуст“, туку тогаш кога производот навистина ти треба.

Водечкиот ланец за компјутерска опрема и технологија Анхоч одлучи да го реши овој чест проблем и да го претстави најновиот бенефит за своите купувачи – „100 дена ценовна заштита“.

Идејата е едноставна: клиентите да се чувствуваат добро и сигурно со одлуката и откако ќе купат.

Доколку производ купен во Анхоч, кој е опфатен со ценовната заштита, добие пониска продажна цена во Анхоч во следните 100 дена од датумот на купување, купувачот може да ја пријави ценовната разлика и, по одобрување на барањето, да ја искористи за дополнително купување.

Со новиот бенефит, Анхоч сака да внесе дополнителна сигурност во една од најчестите дилеми при купување технологија – дали денес е вистинскиот момент за купување или подобро е да се почека следната акција.

Купи кога ти треба. Ако цената падне, разликата е твоја.

ℹ️ „100 дена ценовна заштита“ важи за купувања направени во периодот од 05.11.2026 до 31.01.2027 година.

🔗 Сите информации за начинот на функционирање, опфатените категории на производи и условите за користење се достапни на официјалната веб-страница на Анхоч:

👉 www.anhoch.com/100-dena-zagarantirana-cena

 

ПР

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');