Top Sport

Најпознатата италијанска новинарка ограбена од балкански криминалци

Најпознатата италијанска новинарка, Дилета Леота, како што објавија медиумите на Апенините, била ограбена.

Криминална банда, во која биле двајца Срби, Хрват и Романка, од домот на новинарката однеле осум часовници „Ролекс“, вреден дијамантски накит и 150.000 евра.

Според информациите до кои дошле медиумите, криминалците неколку недели ја следеле Леота преку нејзиниот профил на „Инстаграм“. Новинарката секојдневно објавува фотографии на оваа социјална мрежа.

Леота живее на деветтиот кат, во една зграда во центарот на Милано. Следејќи ги нејзините објави на „Инстаграм“, крадците точно знале кога таа нема да биде во станот.

Scroll to Top