Top Sport

Налбандиан пак преживеа страшна несреќа, не е повреден (видео)

Поранешниот финалист од Вимблдон, Аргентинецот Давид Налбандиан по крајот на тениската кариера се посвети на својата втора страст – брзината, и го доживеа вториот сериозен инцидент по пензионирањето.

Налбандиан на рели-трка во Аргентина неколку пати го преврте својот Шевролет, но за среќа тој и неговиот со-возач поминаа само со неколку модринки.

„Благодарам на сите кои се грижеа за мене. Вакви работи се случуваат кога се борите за добар пласман“, изјави 36-годишниот Налбандиан.

Минатогодишниот инцидент на Налбандиан беше исто толку спектакуларен.

Scroll to Top