Top Sport

Наместо суспензија, сè поблиску до руски бојкот на Олимпијадата

Рускиот допинг-скандал, кој веќе цела година се „влече“ низ Светската анти-допинг агенција (ВАДА) и Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), на крајот може да резултира во целосен бојкот на Олимпијадата во Пјеонгчанг во февруари, јавуваат руките медиуми.

ИОЦ наскоро ќе мора да пресече и да одлучи дали да ѝ дозволи на Русија настап на Олимпијадите, и ако дојде до суспензија, Русија ќе им нареди на сите свои спортисти да не настапуваат ниту под неутрално знаме на Олимпијадата.

Минатата Олимпијада во Рио беше суспендиран целиот атлетски тим, со исклучок на скокачката во далечина Дарја Клишина, додека на Светското првенство во атлетика во август во Лондон настапија голем број на руски спортисти под неутрално знаме.

„Ако ИОЦ реши да ја забрани руската химна на Олимпијадата во Пјеонгчанг или учеството на тимот на Свеченото отварање, тешко е да се верува дека ќе патуваме таму. Ова е целосно неприфатливо. Како може да има спортисти, а да нема земја“, вели Светлана Журова, поранешната олимпијка, а сега заменик шеф на комитетот за надворешни работи во руската Дума.

Денеска, Светската анти-допинг агенција (ВАДА) одлучи дека Русија уште не го почитува анти-допинг кодот на агенцијата, уште повеќе зголемувајќи ја нервозата на руските официјални лица. Министерот за спорт Павел Колобков обвини дека одлуката била донесена „порано“ и дека одлуката е првично политичка. Меѓутоа, тој неодамна не сакаше да зборува за бојкот.

„Не ми се допаѓа зборот бојкот. Многу земји претходно одбија да учествуваат на Олимпијадите во 1980 и 1984 и тоа не придонесе за доброто на спортот. Не сакам да зборувам за тоа“, изјави Колобков.

ВАДА: Русија уште не го исполнува анти-допинг кодот

Scroll to Top