Поранешниот светски број 1 и поранешен капитен на романскиот Фед куп тим, Илие Настасе доби намалена суспензија од ИТФ по делумното усвојување на неговата жалба.
71-годишниот Настасае беше суспендиран до 31 декември 2020 година поради повеќето прекршоци во текот на дуелот против Велика Британија во Костанца во април. Тој започна со неколку непристојни коментари околу бебето на Серена Вилијамс (прашувајќи се која боја ќе биде), по што и се „нафрли“ на капитенката на британскиот тим, Ен Кеотавонг на презентацијата на тимовите. Потоа, во текот на мечот, тој имаше навредливи коментари кон Кеотавонг и британската тенисерка Џоана Конта.
Настасе беше исфрлен од мечот по пцуењето на судијата, и го загуби капитенското место. ИТФ ја намали неговата казна на осум месеци и тој може да почне да работи во тенисот од 23 април 2020 година, но неговата финансиска казна од 10.000 долари беше зголемена на 20.000 долари.