Една од најдобрите тенисерки на сите времиња, Мартина Навратилова (64), жестоко го криткуваше Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер ја на пушти Асоцијацијата на професионалните тенисер и заедно со Васек Поспишил фомирираа независен синдикат кој треба да се бори за правата на тенисерите.
„Тој мисли дека ја направил вистинската работа. Не се согласувам со него, но тоа е негов избор. Оваа одлука сигурно не му помогна во играта, не го разбирам. Кога си најдобар во светот, да ли треба енергијата на ја трошиш на такви работи или треба да му се посветиш на спортот. Ако сакате да се опуштите, гледајте телевизија или плетите шалови. Но да основаш синдикат?“, рекла Навратилова и дополнила.
„Тоа можеш да го работиш кога ќе се пензионираш, сега е контроверзно и не му помага. Во текот на пандемијата се обидува да не подели и тоа во време кога се обидуваме да се обединиме и да разбереме како да ги играме турнирите кога луѓе е разболуваат и умираат од коронавирусот“.
Мартина Навратилова, во кариерата, освоила 18 Гренд слем титули.