Top Sport

„Не ми се идоли Федерер и Надал туку Кирјос“

Младиот британски тенисер Артур Фери рекол дека негови идоли не се Роџер Федерер и Рафаел Надал. Големата надеж на британскиот тенис, 17 годишниот Фери, на Австралија опен играше полу-финале во двојки, а во сингл испадна во третото коло.

„Би сакал да кажам дека мои идоли се Федерер и Надал но јас едноставно ги обожувам Кирјос, Монфис…“, рекол 17 годишникот и дополнил.

„Мислам дека тие со своето однесување носат свежина во тенисот, ако ги нема нив овој спорт би бил здодевен. Мислам дека тие се добри за тенисот, прават тој да биде интересен, привлекуваат публика. Кога игра Кирјос сите гледаат“, заклучил Фери.

Scroll to Top