Рафаел Надал, тенисерот кој е на првата позиција на АТП листата, поради проблеми со коленото би можел да го пропушти Австралија опен.
Надал во текот на изминатата сезона ги почувствува симптомите на старата повреда кои станаа посилни во последните неколку месеци, поради што тој го пропушти завршниот Мастерс во Лондон.
Шпанецот требало да тренира со Португалецот Жоао Соуза на Мајорка, но наместо на тренинг тој заминал за Барселона на дополнителни прегледи.
„Се уште не е подготвен да тренира. Ме побара за да ми каже дека не се чувствува најдобр“, рекол Соиза.
Надал новата сезона треба да ја започне на егзибицискиот турнир во Абу Даби, но иако се уште не е официјлно, тој го откажал учеството.
Прв натпреварувачки турнир за Надал трена да биде Бризбејн, а птоа е пријавен и за Австралија опен каде минатата година играше во финалето.