Top Sport

Нема корона во Нов Зеланд – 43.000 луѓе на рагби натпревар (Видео)

За разлика од најголемиот дел на Европа на другиот крај од светот, во Нов Зеланд, вратите на спортските борилишта се отворени за навивачите.

Нов Зеланд е една од првите држави која прогласи крај на пандемијата на коронавирусот и ги укина сите мерки. Поради тоа дуелот во рагби првенството помеѓу Оукленд Блуз и Велингтон Харикенс го следеле 43.000 луѓе. Ова е најгледаниот натпревар во земјата, во последните 15 години. Натпреварот заврши со победа на домашниот тим 30:20.

Претходно, во саботата, дуелот помеѓу Отаго Хајландерс и Ваикато Чифс го проследиле 20.000 луѓе.

Рагбито е еден од најпопуларните спортови во Нов Зеланд.

Scroll to Top