Top Sport

Нема ниту снукер – Светското првенство е одложено

Снукерот, еден од последните спортови кој продолжи да оди според календарот и покрај корона вирусот, не изддржа и го откажа Светското првенство во Шефилд.

По препораката на владата на Велика Британија за ограничување на собирање поради корона вирусот, во Шефилд се затворени сите објекти, така што 44. издание на Светското првенство, кое требаше да стартува на 18 април е одложено.

„Ова се тешки времиња за сите, но ќе изддржиме. Фановите низ целиот свет, како и 144-те играчи сакаат да знаат кога ќе се оддржи Светското првенство, и во моментов ја разгледуваме опцијата да се оддржи без присуство на публика во текот на летото. Повеќе информации следната недела“, изјави претседателот на Светската снукер турнеја (ВСТ), Бери Херн.

Scroll to Top