Бејзбол клубот Кливленд Индијанс, објави дека повеќе нема да дозволи навивачите да се маскираат во Индијанци. На овој начин клубот ќе се бори против расизмот.
„Навредливи слики, облека или боење на лицето мора да бидат остранети“, стои на клупската интернет страница.
Клубот наведува дека оние кои нема да ја почитуваат одлуката ќе бидат исфрлени од стадионот.
Кливленд во понеделник ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона, противник ќе им биде Канзас сити Ројалс.
Во декември минатата година, клубот од Охајо, соопшти и дека ќе го смени името Индијанс.