Top Sport

„Немојте да чекате да заминат во пензија, обидете се да ги победите“

Прославениот аргентински тенисер Давид Налбандијан, рекол дека младата гарда не треба да чека „големата трјка“ да замине во пензија, туку дека треба да направат нешто значајно додека тие се уште се тука.

Новак Ѓоковиќ неодамна победи на Австралија опен, во финалето тој го победи Данил Медведе во три сета. Медведев до дуелот со Ѓоковиќ имаше серија од 20 победи.

„Тие тројца (Ѓоковиќ, Федерер, Надал) се неверојатни играчи, но не се супер-херои. Младите играчи мора да веруваат во себе“, истакнал некогаш третиот светски рекет и финалист на Вимблдон.

„Тие како да чекаат „големата тројка“ да замине во пензија. Ќе им кажам една работа и јас чекав тоа да се случи, а погледнете тие се уште се активни. Престанете да чекате, излезете на терен и победете ги. Неверојатно е како тие тројца им се прилагодија на новите играчи, особено бидејќи стареат. И понатаму се тука, и понатаму се фокусирани, инспирирани“.

Аргентинецот во кариерата освоил 11 трофеи, тој од пред две недели ја започна соработката со младиот српски тенисер Миомир Кецмановиќ.

Scroll to Top