Во Босна и Херцеговина, ненадејно починал еден од најдобрите атлетичари во оваа земја, 27-годишниот Осман Јунузовиќ. Тажната вест на медиумите им ја потврдил неговиот брат.
Медиумите во БиХ, шпекулираат дека Јунузовиќ починал од срцев удар.
Јунузовиќ кариерата ја започнал на уличните трки, каде го покажал талентот. На Европските игри во Баку, во 2015 година го освоил третото место, бил балкански шампион на 3.000 метри со пречки. Бил шампион на БиХ на 3.000 метри со пречки, 5.000 метри, 8.000 метри во крос и 10.000 метри.