Контроверзниот австралискит тенисер Ник Кирјос во последните моменти го откажа своето учество на тенискиот турнир Винстон-Салем во САД.
Жрепката сакаше Кирјос во првото коло да се судри со Енди Мареј, но на крајот мечот не се одржа. Причина е повлекувањето на Австралиецот и тоа на само неколку минути пред почетокот на мечот.
Организаторите биле принудени итно да пронајдат замена, а тоа бил Американецот Ноа Рубин. Тој експресно бил елиминиран од Британецот со 6-2 и 6-0.
„Навистина бев возбуден што ќе играм овде и уште подобро, што ќе играм против Енди Мареј кој е жива легенда на тенисот и мој личен пријател. Сепак, морам да водам сметка за моето здравје“ напомена Кирјос.
OUT.
Kyrgios withdraws from the 2021 Winston-Salem Open.
Details to follow.Tune in to our Twitter feed or download our mobile app for a live stream of his press conference. pic.twitter.com/5ZsrZ6MNxD
— Winston-Salem Open (@WSOpen) August 22, 2021